Македонската ракометна репрезентација со победа го отвори „Жолтиот куп“ во Швајцарија, но селекторот Кирил Лазаров не дозволува еуфорија. Иако нашите ракометари славеа над Бахреин, предводникот на „црвено-жолтите“ упати критика до своите избраници, потенцирајќи дека квалитетот на играта не бил на посакуваното рамниште. Лазаров е свесен дека на Европското првенство секоја грешка се казнува, па затоа бара многу повеќе фокус и прецизност во ...
Ракометната федерација на Македонија информира дека ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со нов договор кој ќе важи до 2029 година. Од Федерацијата посочуваат дека одлуката е донесена врз основа на заедничка визија, доверба и јасна стратегија за долгорочен развој на македонскиот ракомет. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, истакна дека континуитетот ...

