Иако станува збор за исклучително редок феномен, сепак постојат случаи на експлозија на паметни телефони за време на грмежливо невреме. Сепак, научниците нагласуваат дека вистинската опасност е нешто сосема друго и дека митот оти мобилните телефони привлекуваат громови одамна е побиен. Паметните телефони за време на грмежливо невреме можат да експлодираат и да предизвикаат повреди, но не поради директен удар од гром, туку како последица на ...
Секојпат кога небото ќе се затемни и ќе започне грмежливо невреме, многумина се прашуваат дали мобилниот телефон може да привлече гром или дури да експлодира. Иако ова е едно од најраспространетите верувања поврзани со грмотевиците, експертите објаснуваат дека мобилниот телефон сам по себе не претставува магнет за громови. Според стручните објаснувања, современите мобилни телефони не емитуваат сигнал кој би можел да привлече удар од гром. ...

