Десет години по катастрофалните поплави во скопскиот регион, во кои животот го загубија 22 лица, Стајковци останува болно потсетување на последиците од екстремните временски настани, слабата превенција и институционалните пропусти. И денес се поставува истото прашање: што научи Северна Македонија од трагедијата во 2016 година и дали надлежните институции се поподготвени да спречат вакви настани во иднина? Радари имат, но недостига стручен ...
На 6 август 2016 година Македонија ја погоди силно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Најтешко беше погоден Скопскиот регион, особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци, Црешево и Арачиново. За само 24 часа во Скопје наврнаа 93 литри дожд на квадратен метар, а во првите два часа беа регистрирани повеќе од 800 молњи и громови. Поплавите предизвикаа огромна материјална штета, а во Скопскиот регион животот го загубија 22 лица. Најмладата ...

