Она што требаше да биде луксузен одмор се претвори во кошмар за 150-те патници и членови на екипажот на холандски крузер. Поради сомневање за инфекција со хантавирус, патниците и екипажот беа заробени во Атлантскиот Океан. Светската здравствена организација го информираше и Хрватскиот институт за јавно здравје за овој случај. Епидемиологот Ива Пем Новосел објасни за каков вирус се работи, колку е опасен и дали може да се појави епидемија. ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои сомнеж за пренесување на хантавирус од човек на човек на крузерот „Хондиус“, кој моментално е закотвен кај Зелено’ртските Острови. Ова на прес-конференција во Женева го изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове. Тројца патници на бродот починале во сомнителната епидемија – постара двојка од Холандија и државјанин на Германија. На крузерот има околу 150 патници и членови на ...

