Анатолиј Трубин вечно ќе ја памети пресметката со Реал Мадрид во Лигата на шампиони, не само поради победата која ја оствари неговиот тим, туку и поради фактот што постигна гол во 98-та минута. Бенфика ќе победеше секако и без неговиот погодок, но голот кој го постигна со глава беше исклучително вреден, бидејќи со истиот Бенфика се искачи на 24-то место на табелата, последното кое носи пласман во плејофот во Лигата на шампионите. ...
Победата на Бенфика над Реал Мадрид и драматичната завршница со гол на домашниот голман Анатолиј Трубин ќе останат запаметени како една специјална епизода во историјата на Лигата на шампионите, а ждрепката сакаше овие два тима да се сретнат и во плејоф фазата. Тоа значи дека Жозе Мурињо повторно ќе се соочи со својот поранешен клуб, овојпат на два натпревари, по кои поуспешниот тим ќе обезбеди осминафинале во елитното натпреварување. ...

