Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за првиот од двата дуели што ќе ги одиграме во следниве десет дена. Пред патувањето за Кардиф каде следниот вторник против Велс ќе го одиграме решавачкиот натпревар за освојување на второто место во групата, нашите најдобри фудбалери в четврток ги очекува контролниот меч со Летонија. “Без разлика што натпреварот против Летонија не е во рамките на квалификациите ...
Мечот против Летонија ќе биде последната проверка за македонските фудбалери пред одлучувачкиот натпревар за втората позиција во групата од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Офанзивецот Дарко Чурлинов вели дека нема неважни натпревари, а победата е добредојдена и на меч кој е од пријателски карактер. „Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите ...

