Групната фаза од Лигата на Конференции вечерва „дебитира“ во Македонија. Во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“ Шкендија го пречекува Шелбурн, во првиот натпревар од групната фаза во ова европско натпреварување, кое го избори тетовскиот тим благодарение на одличните квалификации летоска. Химната на Лигата на Конференции ќе одекне на најголемиот стадион, и после осум години еден тим од ПМФЛ игра во групна фаза на едно натпреварување. До ...

Баерн Минхен ја забележа својата осма победа во рамките на Бундеслигата. Со ова стигна до вкупно 13 победи во исто толку натпревари оваа сезона, што претставува изедначување на рекордот ако се гледаат петте најсилни европски лиги. Последниот тим кој успеал да стигне до 13 победи во првите 13 натпревари во сите натпреварувања од Топ 5 лигите беше Милан во сезоната 1992/93. Баерн оваа сезона во Бундеслигата прими само четири гола, што е најмалку ...

Како што објави холандскиот весник „Телеграф“, Рафа Бенитез ќе стане најплатениот тренер во историјата на грчкиот фудбал, затоа што ќе заработи 4.000.000 евра за двегодишен договор со Панатинаикос. Ова е резултат на преговорите во Лондон минатиот викенд, кои ги одобри првиот човек на атинскиот клуб, Јанис Алафузос. Сето ова е шокантно, со оглед на тоа што Бенитез долго време немал никакви опипливи тренерски успеси. Неговата кариера е во опаѓање. ...