Уште една бледа година со речиси ист раст и инфлација кои нема да придонесат да почнеме да живееме подобро. Нема инвестиции во енергетиката, животната средина и здравството, а профитот на фирмите во Македонија е највисок во Европа, вели за „Фокус“ економскиот истражувач во Виенскиот Институт за меѓународни економски студии Бранимир Јовановиќ. Јовановиќ во разговор за „Фокус“ ги анализираше економските текови во 2025 година и даде прогноза ...
Како ја оценувате 2025-та на економски план? Беше тоа уште една бледa годинa. Можеби за нијанса помалку бледа од претходната, но далеку од она што ни треба за да почнеме да живееме подобро. Растот ќе биде околу 3.5%, што е минимално повеќе од оние 3% лани. Инфлацијата ќе биде околу 4%, што е скоро исто како ланската од 4.2%. Две минимални плати сѐ уште не се доволни за да покријат една минимална кошница. Сиромаштијата e преку 20%, пола од ...

