Битолската зоолошка градина остана без една од двете кафеави европски мечки. Како што велат од зоолошката градина станува збор за мечка која имала над 35 години и дека од обдукцијата било констатирано дека причина за смртта е старост, а не болест. Во зоолошката градина има уште една мечка од истиот вид. Инаку од денеска зоолошката градина има нов директор. Именуван е Жарко Тренкоски за прв човек на зоолошката градина. Фото: ЗОО градина Битола, ...

Битолската зоолошка градина остана без една од двете кафеави европски мечки. Станува збор за мечка која имала над 35 години и како што велат од Зоолошката градина, од обдукцијата било констатирано дека причина за смртта е старост, а не болест. Веста за угинувањето на мечката прв ја објави Леонардо Соколов, активист за заштита на животните и животната средина. Тој вели дека оваа институција ја следат низа скандали низ текот на годините наназад. – ...

Угина една од двете мечки во битолската зоолошка градина. Оваа информација за ТВ Телма ја потврдија од установата, но и покрај тоа што ветија, нема одговор на прашањата од што умрела мечката, колку била стара, дали била болна и лекувана. Станува збор за кафеава мечка која има животен век од 25 до 35 години, но во заробеништво може да живее и до 45 години. Телма пред неполн месец известуваше за исклучително тешката состојба во ЗОО градината. ...