Како што објавуваат српските медиуми, Партизан и Црвена звезда, почнувајќи од следната сезона, повеќе нема да играат во АБА лигата. Првиот човек на Кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин, во интервју за „Моцарт“, ги потврди пишувањата на „Спорт клуб“ дека „вечните“ ривали ќе играат само во домашната српска лига почнувајќи од следната сезона. „Веќе имав разговори со сите наши најголеми клубови и сите тие изразија подготвеност да ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје синоќа не успеаја да се изборат за трет натпревар во финалната плејоф пресметката против Широки брег во АБА 2 лигата, откако вечерва во драматичен натпревар пред своите гледачи загубија со 86-87 . Составот на Боро Смилкоски одигра квалитетно во првото полувреме во салата „Лазар Лечиќ“ во кое имаше водство и од највисоки +11 (36-25), а на полувреме замина со предност од 43-35. Лидерот во македонското првенство ја ...