Поранешниот деловен простор на Експорт Импорт Банка АД Скопје во стечај, лоциран на атрактивна локација на улицата „Даме Груев“ во строгиот центар на Скопје, излегува на продажба по пат на електронска аукција. Вкупната проценета вредност на недвижниот имот, заедно со канцелариска и компјутерска опрема, изнесува 88 милиони денари, или околу 1,43 милиони евра. Предмет на продажбата е деловен простор на петтиот кат со вкупна внатрешна површина од ...
На 24 септември 2025 година, околу 15:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х. (45) од село Желино, тетовско, и патничко возило „Сеат Алтеа“ исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (43) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни ...

