Екипата на ПСЖ го победи Ливерпул со 2:0 на домашен терен, во вечер кога Англичаните можеа да загубат и многу поубедливо, додека Атлетико Мадрид ја изнанади Барселона на гости со истиот резултат, на првите натпревари од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите. Мадридскиот тим поведе во 45. минута со голот на Хулијан Алварез од слободен удар, на кој му претходеше црвениот картон на Пау Кубарси, кој го сопна Џовани Симеоне пред сопствениот ...

Атлетико Мадрид направи голем чекор кон полуфиналето на Лигата на шампионите, откако во првиот четвртфинален натпревар славеше со 2:0 на гостувањето кај Барселона. Каталонците долго бараа објаснување за судиските одлуки и за реакцијата на ВАР, особено по спорниот момент за можен пенал и исклучувањето на Пау Кубарси, по кое домашните останаа со играч помалку. Пресвртот на натпреварот се случи пред паузата, кога по ВАР-интервенција Барселона ...