Иран денес потврди дека нападнал танкер за нафта, наведувајќи го како причина за непочитување на наредбата да не се поминува низ стратешкиот Ормутски теснец. Според извештајот на државната телевизија, танкерот се обидел нелегално да помине низ теснецот, јавува агенцијата Анадолија (AA). Оманскиот центар за поморска безбедност рано утрово објави дека четири лица се повредени во нападот врз танкерот „Скајлајт“, кој плови под знамето на Палау. ...

Во потег кој може да доведе до драстичен скок на цените на енергенсите и колапс на светската трговија, Иран официјално го затвори Ормутскиот теснец. Веста ја потврди Револуционерната гарда преку иранските државни медиуми, нагласувајќи дека преминот е под нивна целосна контрола. „Ќе го запалиме секој брод“ Заканата од Техеран е недвосмислена и воено агресивна. Командантот на Револуционерната гарда испрати застрашувачко предупредување до сите ...