Акционата политичка сатира „Една битка по друга“ и вампирскиот хорор со блуз музика „Грешници“ се номинирани во најмногу категории за доделувања на наградите Actor Awards, порано познати како награди на Здружението на филмски актери (SAG). Двата филма се натпреваруваат во категоријата за најдобра екипа. Во конкуренција се со драмата „Хамнет“ вдахновена од Вилијам Шекспир, филмот за пинг-понг „Марти Величествениот“ и научно-фантастичниот филм ...

„Една битка по друга“ (One Battle after Another) е прогласен за најдобар филм на доделувањето на наградите „Избор на критичари“ (Critics Choice) кои беа објавени деновиве, а претставуваат едни од предвесниците на годинашните Оскари, што ќе се одржат на 16 март. Награда доби и режисерот на овој филм, Пол Томас Андерсон. Филмот „Грешници“ (The Sinners), пак, освои четири награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар кастинг и ансамбл, нова ...