ДРАГАН МИШЕВ Како што пишуваше претходно ЦИВИЛ Медиа во анализата „Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи“, во периодот пред локалните избори, политичкиот кампус во Северна Македонија е обележан со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи меѓу двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ. ...
Со приближувањето на денот на изборите, се зајакнува и воспалувачката меѓупартиска реторика. На досегашните доминантни наративи се надоврзаа и неколку нови, како -прислушување во АНБ, хибридни закани од странски центри на моќ и морбидната кампања со фотомонтажи– кои пред се служат за меѓусебно препукување и оцрнување на противникот, особено се кај најголемите претставници на македонското гласачко тело. Во контекст на анализата на Драган Мишев на ...

