Вечерва во 20 часот во МКЦ, се отвора изложбата „ Атлас на македонската модерна архитектура “ 02.12.2022 • Изложби Оваа архитектонска изложба е резултат на едногодишниот истражувачки проект „Атлас на македонската модерна архитектура“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 го спроведе со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Авторскиот тим на проектот го ...

Во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје вечер ќе биде отворена архитектонската изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“. Станува збор за проект чија основна цел е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Република Северна Македонија. Проектот регистрира и мапира повеќе од 500 индивидуални архитектонски реализации ...