Развојот и учењето во првите години од животот ce од исклучителна важност за детето и неговиот натамошен развој во образовниот процес. Тоа го покажува и проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општиски установи – детски градинки“, доколку имаме предвид дека во секој Извештај на Европската комисија за прогресот на земјава беше посочуван како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација, рече Лимани. ...
Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава. Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи - детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа етничка заедница. Министерот за ...