Хаос, стампедо и секунди што живот значат – вака сведоците ја опишаа кобната ноќ во „Пулс“, посочувајќи дека пожарот за само неколку моменти ја претворил дискотеката во стапица без излез. Еден од сведоците, кој бил гостин таа вечер, изјави дека огнот се раширил низ целиот плафон за околу 30 секунди, по што настанала паника. Во обид да се спаси, врз него паднала ПВЦ врата, а над него имало уште неколкумина. Како што рече, бил извлечен со помош ...

Судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ денеска продолжи со сведочења на преживеани, кои пред судот опишаа дека огнот по избувнувањето многу брзо го зафатил плафонот и за неколку моменти предизвикал хаос и стампедо кон излезот. Според сведочењата, пожарот избувнал околу 2:30 часот, по активирање на пиротехнички средства за време на настапот, а паниката започнала речиси веднаш. Еден од сведоците, Мартин Димитров, изјавил ...