„Фолтин“ одбележува 30 години постоење Еден од најоригиналните музички бендови на македонската алтернативна сцена, „Фолтин“, одбележува 30 години постоење, творење, музицирање… Малку групи кај нас успеале да останат толку својствени, а истовремено постојано свежи. „Фолтин“ не е само бенд туку е и перформанс, театар, звук, игра на емоции, интелект. Од првите појавувања до денес тие создаваат музика што не се опишува, туку се доживува, со елементи ...

Ние сме вакви затоа што сте вие такви во публиката, кажа Бранко Николов, вокалот на групата „Фолтин“ која вечерва, на 22 ноември, во големата сала на Македонската филхармонија одржа концерт по повод големиот јубилеј, 30 години постоење на сцената. Полното гледалиште во Филхармонија заедно со Николов ги пееше песните, а публиката коментираше па зарем поминаа три децении? Ќе ви благодармие уште многу за оваа прекрасна вечер, на сите ќе ви пишам, ...