Опозицискиот СДСМ обвини дека застојот во евроинтеграциите има сериозни економски последици и оцени дека Македонија губи пристап до милијарди евра европски средства поради, како што наведува партијата, неуспешната надворешна политика на актуелната власт. Во партиското соопштение се наведува дека државата останува на маргините на европските процеси во период кога Европската Унија обезбедува значителни финансиски средства за земјите членки и ...
ВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја претстави својата изолација како „достоинство“. Но достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен, се вели во соопштението од СДСМ. -Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа. Две години подоцна, резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација. Ова не е подобра позиција. Ова претставува национален пораз ...

