Завршија натпреварите од првата спортско риболовна лига. Во државното првенство настапија 12 екипи меѓу кои „Бабуна“ и „Кркушка“ од Велес. Државен првак е скопски „Вардар“ со 56 бода пред „Бистро“ од Струмица со 52 и „Бабуна“ на третото место со 48 бода, за која настапија Ангел Тодоров, Владо Тодоровски и Никола Џампалов. Тимот го водеше Бранко Јанушев. Вториот велешки преставник, екипата на „Кркушка“, е осма. Во категоријата У-20 солиден ...
Членот на ЗСР „Бабуна“ Тоше Петрушевски е државен првак за 2021година во спортски риболов откако во последното коло, кое се одржа на езерото Паљурци, ја задржа предноста пред конкурентите Дарко Грамбозов од „Бистро“ Струмица и Даниел Петровски од „Вардар“ Скопје. Петрушевски со овој успех се стекна со правото да биде стипендист на Агенцијата за спорт и млади. На истото езеро се одржа и последното коло од државната сениорска спортско риболовна ...

