Македонскиот фудбалски првак Шкендија остана без победа во 100. минута на вечерашниот меч против Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА. Клубот од Тетово водеше со 1-0 се до длабоко во судиското продолжение кога Лозано со атрактивен погодок го спаси полскиот тим од пораз (1-1). Избраниците на Јетон Беќири имаат за што да жалат затоа што беа на чекор до втор триумф во оваа конкуренција, меѓутоа фудбалот се игра до последниот судиски свиреж. ...

Се чинеше дека момците на Јетон Беќири ќе ја забележат и втората европска победа, но натпреварот имаше трагичен крај за македонскиот шампион. Мечот не понуди многу возбудувања, немаше идеални шанси за гол, беше постигнат само еден погодок, а тој се случи во мрежата на противникот од Полска. По четири минути игра во второто полувреме, нафрлување на Вебстер од корнер кое го реализираше Љатифи со глава за водство од 1-0 на Шкендија. И по ...