Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни работи на ЕУ. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба и динамиката на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската ...

„Ја реафирмиравме целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката за Украина, како и значењето на регионалната поврзаност и стратешките инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8. Упативме и јасна порака за важноста од предвидлива, фер и опиплива европска перспектива за целиот регион. Забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот, демократската отпорност и ...