По завршувањето на својата богата кариера, Горан Попов ја основа менаџерската агенција „ГП3“, во која што тој и неговите партнери претставуваат солиден број фудбалери од овој регион. Македонецот има силни врски и во Украина, со оглед на тоа што четири години настапуваше за најголемиот клуб во земјата, Динамо Киев, па неговите клиенти обично имаат добра „продажба“ на овој моментално зафатен пазар од војна. Попов во интервју за руски „РБ Спорт“ ...

Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен фудбалски агент, Горан Попов за рускиот портал „РБ Спорт“ зборувал за необичните пречки кои се појавуваат при трансферите на српските фудбалери, но не на теренот, туку на политички план. Попов, кој во својата кариера ги носеше дресовите на Динамо Киев, Вест Бромвич Албион и Херенвен, отворено зборувал за своите искуства кога се обидувал да им препорача српски играчи на клубови од Украина. ...