Шкендија го испланира целосниот подготвителен период кој ќе се одвива во две фази и ќе се одиграат шест пријателски натпревари. Тетовчани прво ќе тренираа во својот град, а пред заминувањето во Анталија закажаа два локални тест дуели. Прво на 17 јануари Шкендија ќе гостува кај Беласица во Струмица, додека на 22 оди во Кавадарци кај Тиквеш. Потоа следи преселбата на тренинг кампот во Анталија. Таму првиот пријателски дуел е против Јелимај Семеј ...

Шкендија прва од сите останати прволигаши стартуваше со зимските подготовки. Сите во тетовскиот клуб се свесни дека напролет мора, ама баш мора да се дојде до титулата. За клуб како Шкендија и четврта сезона без титула секако дека е премногу, а јасно е дека нема да биде нималку лесно. Тука се амбициозните Работнички и Силекс, кои имаат ист број на бодови со тетовци, секако дека тука се и силниот Гостивар како и шампионот Струга ТЛ. Секако дека ...