Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го коментираше ремито против Каса Пија (1:1), не штедејќи ги критиките кон својот тим, кој практично остана без никакви шанси да ја брка титулата во Португалија. „Специјалниот“ не го криеше разочарувањето од одредени играчи, за кои рече дека „не дишат за фудбал“, и дека ги забораваат реалностите. „Не изгубивме два бода, туку последните можности што ги имавме да се бориме за титулата и престанавме да зависиме ...
Бенфика останува единствен непоразен тим во португалското фудаблско првенство, но на шест кола пред крајот, се добива впечаток дека „лисабонските орли“ ја пропуштија последната шанса да се приклучат во трката за титулата. Тимот од Лисабон можеше да профитира од ремито кое го имаше Порто против Фамаликао, но наместо тоа, тимот на Жозе Мурињо вчера ремизираше со Каса Пија и прокоцка голема шанса да се приклучи во битката за трофејот. Ремито на ...

