НАСА објави први фотографии од мисијата „Артемис II“, кои прикажуваат редок поглед на Земјата зад Месечината и драматично затемнување на Сонцето. Сликите се направени за време на прелетувањето покрај Месечината, во момент кога екипажот бил без комуникација со Земјата. Фотките веќе привлекоа внимание исто како и претходните фотки додека леталото патуваше кон нашиот природен сателит. Првата фотографија го прикажува т.н. заоѓање на Земјата. ...

АСТРОНАУТИТЕ на мисијата „Артемис II“ направија спектакуларни нови слики од Месечината и нашата галаксија, Млечниот Пат. Сликите се направени за време на прелетувањето на вселенското летало „Орион“ покрај далечната страна на Месечината на 6 и 7 април, објави НАСА. Поглед на далечната страна на Месечината Екипажот на „Артемис II“ ги направи овие слики во понеделник, 6 април, додека вселенското летало „Орион“ кружеше околу далечната страна на ...

Темната страна на Месечината всушност не е темна, туку е само страната што од Земјата не можеме директно да ја видиме. Причината е во тоа што Месечината е плимно „заклучена“ со Земјата, односно ротира околу својата оска точно онолку време колку што ѝ треба да направи една орбита околу нашата планета. Затоа ние секогаш ја гледаме истата нејзина страна, додека другата останува свртена наспроти нас, но не и без сончева светлина. Тоа значи дека и ...

Астронаутите од мисијата „Артемис II“ се враќаат на Земјата денес по историско десетдневно патување околу Месечината, а нивното вселенско летало треба да слета во Тихиот Океан. Сепак, нивната работа не завршува тука, бидејќи ќе мора да се прилагодат на гравитацијата на Земјата по враќањето, што носи голем број последици за телото. Капсулата „Орион“ се очекува да слета вечерва покрај брегот на Сан Диего. Според НАСА, се очекува капсулата да ...