Во фоајето на театарот „Комедија“ е поставена изложбата на фотографии од театарските и филмските улоги на великанот Дарко Дамевски – уметник чие творештво остави длабока трага на сцената што денес гордо ја носи ансамблот на театарот „Комедија“. Изложбата, реализирана во соработка со Мони Дамевски, Саша Сотароски и Виктор Семенпеев, ќе биде достапна за посетителите во текот на март и април, како сведоштво за богатото актерско наследство и ...
Претставата „Кој сум јас“ на Митко Чешларов, а во режија на Наташа Поплавска, ќе ја има својата премиера в петок на 27 март, во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Со оваа претстава, театарот ќе го одбележи 27 Март, Светскиот ден на театарот, како и својот 14-ти роденден. „Кој сум јас“ е 55. премиера на Театар Комедија, а првата премиера беше во 2012 година. Во претставата играат: Благој Веселинов, Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска, ...

