Непотизам, богатење, судир на интереси, неспособност и партизација. Врз тие неколку премиси претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го темелеше образложението на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Неговиот говор беше жесток, но не навредувачки и конципиран на поинаков начин отколку во други случаи на интерпелација на министри. Во одговорот Тошковски ја поистовети институцијата – МВР – со себеси, велејќи: ...

Со меѓусебни обвинувања за партизација, непотизам и политички манипулации, во Собранието се расправаше по интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица. Образложувајќи ја интерпелацијата, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, оцени дека Тошковски е „типичен пример за политички опортунизам“, чија кариера, според него, напредувала благодарение на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврдеше ...