„Во СДС со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени наместо да дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат фактите. Во случајот со Гостивар, надлежните институции постапуваат согласно своите законски овластувања и секоја евентуална одговорност ќе ја утврдат надлежните органи, врз основа на докази, а не врз основа на политички прес-конференции“, се ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) кој побара одговорност од министерот за здравство Сашо Клековски и надлежните институции поради задоцнета реакција во Гостивар. Во градот од вчера е прогласена епидемија на гастроентеритис откако од минатата недела секој ден расте бројот на жители на градот кои побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. Во врска со наводите на СДСМ дека ...
Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина. Наместо да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за здравство Сашо Клековски ги нападна лекарите и професорите – ...

