Унгарската компанија за производство на автобуси, „Икарус“ по вторпат победи на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и доколку во следните десетина дена нема жалби до Комисијата во Бирото за јавни набавки, таа ќе почне да работи на производство и испорака на првите возила во следните шест месеци. Икарус е легендарен унгарски производител на автобуси и еден од најпознатите индустриски брендови во Источна Европа, пренесе Фокус. ...
Зделката за повеќе од 100 електрични автобуси за Скопје го отвори прашањето кој стои зад унгарската компанија „Икарус“. Нејзиниот претседател Габор Селеш не е само индустријалец, туку една од најпознатите личности во политичко-бизнис екосистемот изграден околу унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа не значи дека зделката е спорна сама по себе, но е доволна причина јавноста да знае кој е човекот што ја претставува компанијата која ќе испорачува ...

