Јутјуберот Џејк Пол во најголемиот дел од борбата избгнуваше дуели, а и Ентои Џошуа одбегнуваше рано да го нокаутира, се чинеше дека мечот треба да трае неколку рунди пред да дојде клучниот момент. Конечно во шестата рунда Џошуа брутално го нокаутираше Џејк Пол кршејќи му ја вилицата. „Ме претепаа, но таков е спортот“, призна Пол веднаш по мечот, видливо исцрпен и крвав. За време на изјавата пред камерите, Пол откри колку се сериозни ...

Џејк Пол и Ентони Џошуа се привремено суспендирани од Атлетската комисија на сојузната држава Флорида, веднаш по нивниот боксерски меч што се одржа синоќа во Мајами. Во борбата, двократниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, славеше со нокаут во шестата рунда, при што на Пол му нанесе скршеница на вилицата. Поради сериозноста на повредата и самиот исход, за двајцата боксери автоматски стапија на сила медицински суспензии, ...