Битката на денешната генерација е битка за човековиот дух и за зачувување на вербата во сопствената држава, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето илинденско обраќање, предупредувајќи дека најопасниот отров за едно општество е моментот кога народот ќе престане да верува во себе. Премиерот истакна дека покрај економската и политичката борба, клучниот предизвик е да се победи безнадежноста и да не се дозволи пасивно прифаќање на ...

Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ- порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање од Пелинце. Рече дека денес татковината не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и ...