Годинава Метаморфозис одбележува 20 години од постоењето што ќе биде особено истакнато на конференцијата која е заштитен знак на оваа организација. За прв пат ќе се додели наградата „Илија Жупаноски“ за придонес во справувањето со дезинформации, ќе се обратат 20 говорници, меѓу кои и две лица со попреченост кои ќе презентираат како вештачката интелегенција им помага во животот Дваесеттата по ред меѓународна конференција „е-Општество.мк“, чија ...

Дваесеттата по ред меѓународна конференција „е-Општество.мк“, чија тема годинава е „Дигитална трансформација за подобар живот“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, ќе се одржи на 5 и на 6 ноември. Овојпат, во фокусот ќе бидат теми поврзани со создавање дигитално општество кое ги задоволува потребите на сите и општество кое ги почитува човековите права и ги засилува демократските процеси низ градењето подобар ...