Потребни се нови знаења. Кој овде разговара за тоа ….? Еве да видиме дали во Македонија се разговара за тоа кои се новите професии денес? Што светот бара од поединците? Како вештачката интелегенција ги менува нашите животи? Гледаме ли дека ако пред само пет до десет години ништо не не интересираше, ниту на Балканот, ниту во светот (сами на себе си бевме доволни), денес веке не е така – оти дневно сме затрупани со вести од светот кои ги ...
Имаме фиксен курс на денарот за еврото, што практично значи како да имаме воведено евро, и значително ги отворивме на светска конкуренција нашите какви такви индустрии. Но, увезуваме и инфлација! Нема никаква заштита за домашната индустрија и производство на храна, а нема ниту инвестиции во производството на храна (секоја чест на исклучоците во Витаминка, Макпрогрес во делот на кондиторската индустрија и релативно кај индустријата за вино). ...

