Европскиот политички поредок „денес е во опасност“, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи во своето годишно обраќање до амбасадорите на Франција. „Не, европската цивилизација нема да исчезне. Но да, нашиот политички поредок денес е во опасност, и покрај неговата драгоцена стабилност во непредвидливиот свет, и покрај неговото огромно научно, технолошко, културно и финансиско богатство“, рече Жан-Ноел Баро. Неговите поенти ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека иранската влада го изгубила легитимитетот поради бруталното задушување на протестите и исклучувањето на интернетот. „Луѓето протестираат против овој режим. Режим кој го исклучува интернетот и го ограничува правото на комуникација во суштина го изгубил својот легитимитет. Тие се плашат од сопствените луѓе“, рече Вадефул во видео објавено на Инстаграм. Тој додаде дека ќе ...

