Летото е во полн ек, туристите ги полнат апартманите, собите, викендичките и куќите за одмор, а со тоа расте и заработката од сезонскиот туризам. Но, од Управата за јавни приходи потсетуваат – кој заработува од издавање сместување, треба и да го пријави приходот. Од УЈП велат дека во текот на летната сезона започнуваат со засилени активности за да се обезбеди ред на пазарот и исти правила за сите. Целта, како што посочуваат, не е само да се ...

Управата за јавни приходи почна засилени контроли во туристичките места, насочени кон физичките лица што краткотрајно издаваат апартмани, станови, куќи, викендички и соби. Контролите ќе се спроведуваат врз основа на анализи на ризик, директна комуникација со даночните обврзници и размена на информации со државните и локалните институции. Во фокусот ќе бидат и другите сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП потсетува дека секој приход од ...