„Писмено поднесувам предлог за исклучување на јавноста во понатамошниот тек на постапката, бидејќи судот е должен да воспостави ред во оваа судница. Со реакциите на јавноста им е скратено правото на одбрана на обвинетите. Обвиниетите се чувствуваат како да се казнети уште пред завршување на постапката. Од јавноста во оваа постапка имаше директни закани кон првообвинетиот и барам тие да бидат исклучени“, рече адвокатката Коцевска. Таа додаде и ...

Судењето за Пулс денес повторно ја врати кочанската трагедија во судницата, каде шестчасовното рочиште за пожарот во дискотеката се движеше меѓу сведочење за јаглероден моноксид, цијанидни гасови, жежок воздух и паника, реакции на одбраната, барања за исклучување на јавноста и болни пораки од родителите на 63 загинати лица. ПОЧЕТОК СО ТЕНЗИИ ОКОЛУ ЈАВНОСТА И ЗАКАНИТЕ Рочиштето почна со барање на адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов, ...