Ликовите и позадините го добија својот финален изглед, а актерите веќе им ги позајмија своите гласови. Готов е и аниматикот, односно визуелната мапа што ги поставува кадрите, движењата и ритамот на целата приказна. Секој лик е целосно ригуван и подготвен да оживее, а во моментов сцените од „Лефти и Рајти“ веќе се претвораат во вистинска анимација. „Ретко има детски анимирани филмови и анимирани филмови воопшто, затоа како Агенција за филм ...
Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари. Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за „Лефти и Рајти“. На прашањето што претставува компонирањето на музика за Лефти и Рајти, Дина Јашари во последното интервју ...

