Ниту со „врски“, отворено зборува девојка од Куманово, не успеала да најде место во „Бардовци“ за родителот кој има дијагнози на психички растројства, е алкохоличар и според нејзините зборови врши различни форми на насилство над трите жени и болно момче со кои живее под ист кров Дури по вчерашниот јавен настап на „Инстаграм“ и денешните текстовите по медумите, неофицијално е најдено решение пациентот да се смести во болницата во Демир Хисар, ...
Потребно беше еден човек да ја разголи душата пред јавноста со најситни детали за проблемите во семејството, медиумите да го преземат тој очаен повик за помош, неофицијално да интервенираат и владини функционери, за конечно институциите да постапат онака како и што се постапува во слични случаи – агресивното лице кое има дијагностицирани психички растројства да го хоспитализираат во соодветна установа, најмалку до негова стабилизација ...

