Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја донесе редовната одлука за корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, во момент кога светските берзи испраќаат силни сигнали за нов раст на цените. По релативно стабилен период, глобалниот пазар на нафта повторно влегува во зона на висока нестабилност, што директно се прелева и врз цените на горивата во Македонија. Берзите под притисок: барелот повторно блиску до 100 ...

Хаосот со горивата деновиве не се случи само поради скокот на светските цени на нафтата, туку и поради начинот на кој државата реши да реагира токму во момент кога пазарот стануваше најнервозен. Регулаторната комисија за енергетика на 4 март го измени Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, при што го избриша членот 6-а и го смени членот 8, со што новите цени практично почнаа да се носат на седница и да ...