Meta наводно се подготвува да претстави полуксузна верзија на своите Ray-Ban Meta паметни очила со вграден екран, кои би можеле да бидат лансирани веќе кон крајот на годината. Новите очила, кои ќе се појават под кодното име Hypernova, ќе овозможуваат покренување апликации и прикажување фотографии, а корисниците ќе можат да ги контролираат со гестови на рацете и капацитивен допир на рамката. Екранот ќе биде видлив само во долниот десен квадрант ...
Според извештајот на „Bloomberg“, „Meta“ развива нов пар „Ray-Ban“ паметни очила со вграден дисплеј со кодно име „Hypernova“. Актуелниот модел на „Ray-Ban“ паметни очила нема екран, но има вградени камери за фотографирање и видео, како и звучник и микрофон идеални за телефонски разговори. Во извештајот се наведува дека „Meta“ би можел да го претстави овој надграден модел уште оваа година. Ова ќе бидат првите паметни очила на „Meta“ кои доаѓаат ...