Со 15-минутно доцнење и тензична атмосфера започна вчерашното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Уште пред отворањето на главната расправа, судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи првоосомничениот Џеваир Камбери со сериозен прекршок откриен додека се наоѓа во притвор. Според информациите изнесени во судницата, при претрес во неговата ќелија во истражниот затвор „Скопје“ биле пронајдени дури 13 мобилни телефони и еден лаптоп. ...

Одбраната на обвинетите градежни инспектори во случајот „Пулс“ во воведните говори од денешното судење нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица. Според бранителот на седмообвинетиот Огњен Георгиев (општински градежен ...