Њу Делхи, 4 декември 2025 (МИА) – Индискиот премиер Нарендра Моди денеска на платформата Икс напиша дека е „задоволен што може да му посака добредојде на својот пријател, претседателот Владимир Путин“, кој пристигна во дводневна државна посета на Индија. Моди го пречека Путин со топли поздрави и објави фотографија од заедничката тура со автомобил, на која двајцата лидери се насмевнати. „Долгогодишното и проверено пријателство меѓу Индија и ...
Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди, на приватна средба во Њу Делхи, денеска разговараа за билатералните односи и ситуацијата во Украина. За време на разговорот, рускиот претседател го истакна развојот на соработката меѓу Москва и Њу Делхи во воено-техничката сфера и појавата на нови области на соработка поврзани со високите технологии, пренесуваат руските медиуми. Путин, исто така, рече дека вчерашната ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи самит со премиерот Нарендра Моди во Њу Делхи, со цел да се зголеми трговијата со најголемиот купувач на руско оружје и нафта, бидејќи западните санкции ги стеснуваат нивните децениски врски. Путин е во прва посета на Индија по четири години, во време кога Њу Делхи е во преговори со САД за трговски договор за намалување на казнените царини што ги наметна претседателот Доналд Трамп на нејзините ...

