Очите на целиот свет денеска се свртени кон Абу Даби. Под светлината на рефлекторите на патеката „Yas Marina Circuit“, ќе се води завршната трка од светското првенство во Формула 1 оваа сезона, која ќе го даде одговорот кој ќе го крене шампионскиот трофеј. Пол позицијата ја има актуелниот првак и втор во генералниот пласман кај возачите Макс Верстапен на Ред бул. Тој имаше само 0,201 секунди побрзо време од водечкиот пилот на Мекларен Ландо ...

Британецот Ландо Норис во болидот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако денеска заврши третопласиран на Големата награда на Абу Даби која беше последната трка во сезоната. Победата на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби му припадна на Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), но тоа не му беше доволно за да слави во генералниот пласман. Клупскиот колега на Верстапен, Австралиецот Оскар Пјастри, кој, исто така, се надеваше на ...