Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е добредојдена и испраќа позитивен сигнал до целиот регион. ...

Муцунски најави дека премиерот Мицкоски, заедно со лидерите од регионот и претставниците на Европската Унија, ќе разговараат за низа конкретни иницијативи во рамки на процесот на постепена евроинтеграција. Притоа, тој ги посочи приклучувањето кон СЕПА, партнерството за безбедност и одбрана, иницијативата за укинување на роамингот и други слични проекти, преку кои граѓаните директно ги чувствуваат придобивките од европскиот процес. Во изјава за ...