На 15 октомври се одбележува Меѓународниот ден на белиот стап, посветен на правата, независноста и достоинството на слепите лица и лицата со оштетен вид. Овој ден е потсетник дека пристапноста, еднаквите можности и слободата на движење се основни човекови права, а не прашање на добра волја или хуманитарна помош. Белиот стап е меѓународно препознатлив симбол на самостојноста на слепите лица. Тој не е само помагало за ориентација и движење, ...
Да се стигне до работа, лекар или автобуска постојка за повеќето граѓани е дел од секојдневието. Но, за слепите лица и лицата со оштетен вид, патот низ Скопје често е исполнет со пречки што ја доведуваат во прашање нивната безбедност и независност. По повод 15 Октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ го актуализира прашањето за пристапноста на јавниот простор и правото ...

