Кошаркарите на Партизан доживеаја нов дебакл во Евролигата, откако вечерва загубија во Атина од Панатинаикос со 91:69. „Црно-белите“ одиграа срамно во финишот на третата и почетокот на четвртата четвртина кога ПАО направи неверојатна серија од 25:0 што досега е незабележано на натпреварите во Евролигата. Во останатите дуели од денешната програма, Дубаи со одличен финиш го совлада Париз со 90:89, Фенербахче тесно го победи тимот на Виртус Болоња ...
Евролига во четврток ги објави најновите дисциплински одлуки, а меѓу казнетите се најде и Партизан поради инцидентите на мечот со Фенербахче во 12. коло од Евролигата во „Штарк Арената“. „Црно-белите“ заработија парична казна од 40.000 евра, условна мерка и смалување на капацитеотт на салата на 80% за еден домашен натпревар, со затворање на одредени сектори. Условната казна важи за сезоната 2025/26 и ќе биде автоматски активирана доколку ...

