Еурофарм Пелистер утре повторно ќе ја наполни салата „Боро Чурлевски“, каде што ќе го одигра големото европско дерби против актуелниот првак Магдебург. Средбата од 9. коло во Лигата на шампионите е закажана за утре- 26 Ноември со почеток во 20:45 часот. ЕХФ веќе го назначи официјалниот тим што ќе ја води оваа пресметка. Делегат на натпреварот ќе биде искусниот Јанко Пожежник од Словенија. Судиите што ќе ја делат правдата доаѓаат од Словачка — ...

Европскиот ракометен шампион Магдебург го совлада Еурофарм Пелистер со 31:26, во натпревар кој брзо ќе се заборави. Во дуелот од кој се очекуваа ракометни мајстории и атрактивни моменти, за жал надвладеа германската рутина и победа заради победа, доволна за бодовите да заминат во Магдебург. Гостите во текот на целиот натпревар беа во водство со 3 до 6 голови предност и со сè чини непотребна привилегираност од словачките судии Мандак и ...

Пелистер ќе стори се за да ги замрси сметките на европскиот првак Магдебург на вечерашниот дуел во Битола, но македонскиот шампион се соочи со неочекуван проблем непосредно пред овој дуел. Имено, битолчани попладнево објавија дека тренерот Гарабаја во тимот ќе го нема Саид Хаидарирад, иранскиот голман кој имаше добри настапи во ЛШ сезонава, но вечерва поради болест нема да може да им помогне на соиграчите. „Саид Хаидарирад поради вирус ќе го ...