Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток од 17 часот. Борец е лидер во Трета лига – Југ и сигурно оди во баражот за Втора лига, а овој викенд е слободен, додека тимот на Овче Поле е лидер во Трета лига – Исток и веќе две кола во низа е слободен, а екипата ќе биде слободна и во оваа коло, па од таа причина и ќе биде одигран и овој контролен меч за да може ...
Убедлива победа забележа екипата на Овче Поле, која на пријателски натпревар славеше со високи 5:1 против тимот на Борец. Дуелот се одигра во период кога двете екипи беа слободни во своите првенства, па истиот послужи како добра проверка на формата и за двете страни. Овче Поле прикажа подобра игра и целосно го контролираше натпреварот, што резултираше со убедлив триумф. Стрелци за тимот од Свети Николе беа Ѓорѓи Султанов, Мирон Илиевски, Тоше ...

